Редовно Техничко Одржување
Системите за безбедност и автоматизација се одржуваат со технички прегледи и функционални тестови на редовни временски интервали. Нашиот пристап на целосна грижа ни овозможува најмногу да ги превенираме скапите дефекти на системите за безбедност и автоматизација и да ги оневозможиме прекините на работа. Фреквенцијата на временските интервали зависи пред се од препораката на производителот на опремата, од работните услови на системите за безбедност, видот на системите за безбедност, типот на инсталираната опрема и компоненти на системите и др.
checklist Редовно техничко одржување е обврска превземена кон клиентот во која се осигурува континуираното работење на системите за безбендност и автоматика. Сите параметри кои ги опфаќа РТО се вклучени во договорот кој вообичаено се склучува на една година или до пет години. Секоја извршена посета и преглед на системот се потврдува со посебен записник и чек листа на извршени работи, утврдени и отстранети недостатоци на одреден систем или компонента од системот. Од посебно значење е фактот дека осигурувањето на опремата и имотот пред се зависи од функционалноста на системите за безбедност, и поради тоа доколку се појави потреба да се побара обештетување од Осигурителна компанија по некој настан, инцидент или хаварија, договорот за РТО и постапките по него се први кои Осигурителната куќа ги прегледува.
Системи на кои се врши РТО Редовно Техничко Одржување
– Системи за заштита од провални кражби
– Системи за заштита од пожари
– Системи за видео надзор
– Системи за автоматско гасење на пожар
– Системи за контрола на пристап
– Системи за евиденција на работно време
– Системи за домашна автоматика
– Системи за патна и портална автоматика