Сервис на повик

Сервисирање на системи за безбедност и автоматика на повик на клиентот. Во зависност од потребите, некогаш покрај редовното техничко одржување се јавува потреба од сервисна интервенција при појава на некој недостаток во функционалноста на системите за безбедност и истите треба да се отстранат во најбрз можен рок.

Нашата компанија располага со дежурен сервисен тим 24/7, специјални уреди за тестирање и откривање на недостатоци, стандардни резервни делови и специјални делови по потреба, со кои се отстрануваат во најчест случај сите настанати недостатоци. Во случаи на хаварии и голем дефекти, се ангажираат дополнителни сервисни тимови за да се ревитализираат системите за заштита и автоматизација кои се од витално значење во работењето на клиентот.