Геотек е компанија со 20 годишно искуство во областа на инсталација и продажба на безбедносни системи. Нашата цел е да ја стекнеме и задржиме довербата на купувачите. Располагаме со широк спектар на опрема, а досегашното искуство не наведе да соработуваме само со проверени и докажани компании кои произведуваат сигурносна опрема.
Покрај тоа, нудиме професионална техничка помош и сервис на опремата.Се стремиме ефикасно и професионално да ги решаваме проблемите на нашите клиенти.Нашата техничка екипа е спремна да обезбеди навремена и адекватна помош во доменот на видео надзор, алармни системи, противпожарни системи, контрола на пристап и интерфонски системи.
За опремата која ја инсталираме поседуваме соодветна техничка документација, сертификати, изработуваме елаборат и обезбедуваме корисничка подршка и обука за корисници